Во Среда на 30-ти Декември 2015-та год. со почеток во 18 часот па се до 20 часот во кафе клуб ,,Хостел Шалом” ќе се одржи промоцијата на новиот ЦД албум ,, ДА ТИ СЛУЖАМ ГОСПОДЕ” со модерна духовна музика од Пастор Константин Кајшаров, како и промоција на видео за песната ,,ЗЕМИ НЕ” од овој албум.
Во секојдневното сивило оваа духовна музика е зрак светлина која ги осветлува срцата на луѓето и носи надеж, радост и насмевка на нивните лица.
ЦД Албумот „Да Ти служам Господе“ од пс. Кајшаров има вкупно девет нумери од кои три песни се со темата Божиќ и Христовото раѓање и се мелем за ушите во овие празнични денови. Сите песни се авторски, музиката и текстот се на пс. Константин Кајшаров, аранжманот на осум песни е на Кристијан Габроски, а една на Роберт Билбилов. Инспирацијата за песните е Божјото Слово кое заживува кај слушателите и носи спокојство, мир и љубов во нивните срца.
За време на промоцијата на ЦД албумот исто така ќе се промовира и видео клипот за песната „Земи нѐ“ која носи многу силна порака за тоа како да се надминат пороците и да се заживее живот во Вистината. Режијата е на актерката Драгана Босниќ, а видео клипот е снимен на преубава локација кај Галичник.
Песните се насловени по следниот редослед:
1. Не е случајно
2. Да Ти служам Господе
3. Господовиот ден доаѓа
4. Земи нѐ
5. Доаѓа Царот
6. Вечна Слава
7. Ѕвезда над Витлеем
8. Божиќ доаѓа
9. Христово рождение
Видео клипот „Земи нѐ“ можете да го гледате и преземете од:
Видео клип за песната „Божиќ доаѓа“ кој е снимен во 2014 та година:
Лице за контакт и повеќе информации:
Стела Пијанманова Стојаноска 071370448 и [email protected]
Повеќе за пастор Кајшаров и неговата мисија на: