ПРЕД ДА ДОЈДЕ СПАСОВСКИ ВО МВР ГОЦА НАПРАВИЛА ОПШТ ПИЧВАЈЗ : И естрадни уметници на режимот имале полициско обезбедување и возило со амин на власта

0
1141

Списокот со имиња на познати политичари, естрадни уметници и луѓе блиски до владејачките партии кои користеле полициско обезбедување, иако според законската регулатива вакво право не им следува, е подолг. „Утрински весник“ неофицијално дознавадека „привилегија“ да имаат полициско обезбедување имале повеќе лица, меѓу кои поранешни и актуелни политичари, пејачи, партиски функционери… Списокот е долг, а лицата со посебна заштита се менувале во зависност од потребите и од ситуацијата.

mvr1-3-centrala-540x3611-540x361

Информацијата дека во Министерството за внатрешни работи постоела злоупотреба на ресурси ја обелодени новиот министер од СДСМ Оливер Спасовски, кој на седница за пратенички прашања, во дискусија за поделбата меѓу партијата и државата го посочи примерот на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев, за кого информираше дека спротивно на законот имал лично обезбедување и возило од МВР.

Тврдењето на Спасовски ниту го коментираа ниту го демантираа од ВМРО-ДПМНЕ. Според неофицијални информации, лично обезбедување и возило од МВР подолго време користеле и некои поранешни министри. Неизвесно е дали и нивните имиња се’ уште се наоѓаат на списокот што ќе го објави Спасовски. Неофицијално се дознава дека во Министерството за внатрешни работи се „чешлаат“ сите податоци и документи кои може да укажуваат на злоупотреба на ресурсите на МВР.