Од денеска режимот започнува со присилната наплата на радиодифузна такса

0
977

Вчера заврши рокот што УЈП го даде на граѓаните кои доцнат да си ја платат радиодифузната такса, а од денеска почнува присилната наплата, објави Фактор.

– Што нуди МРТ за да јас плаќам? На мојот телевизор не е ниту меморирана, зошто да плаќам за нешто што не го користам и не го гледам. Сметам дека не е коректно сега и вака со уцени дека ќе бидеме блокирани, да не тераат да им платиме – реагираат граѓаните.

Има и такви кои иако платиле сметки, не е направено ажурирање на долгот.

Во соопштението од пред две недели УЈП посочи дека за да не се соочат со присилна присилна наплата и блокирање на нивните сметки, што се дополнителни трошоци, граѓаните сами да си ги платат заостанатите долговите до 15-ти овој месец.