Ова бебе не било во план: Најбројното британско семејство очекува 19-то дете!

0
1065
“Уште ова бебе, да заокружиме на 19, и тоа е тоа. Бевме решени дека Хали ќе биде последна, но добро. Ова се прекрасни вести за почеток на годината” рекла Су.

Су и Ноел Редфорд од Ланкашир имаат најбројно семејство кое брои дури 18. деца. Дека овој број ќе се зголеми, потврдила 40-годишната мајка Су, кое на семејството му соопштила дека очекуваат уште една принова.

Таа ги собрала своите деца и ги замолила да го отворат подарокот од кој ќе дознаат кој пол ќе биде бебето. Доколку подарокот биде со розова боја, тоа ќе значи дека станува збор за девојче. Подарокот го отворила најмалата ќерка, а целото семејство на глас извикало – “Девојче е”!

11091189_893961280663895_7831086490262048209_n

Пишувајќи на својата страна на Фејсбук, семејството напишало дека најмладата Хали, која сега има 8 месеци, не била планирана, но дека пристигнала како убаво изненадување.