Објавен извештајот на ЕК, Македонија доби условена препорака: БОМБИТЕ укажуваат на кршење на основните човекови права

0
1301

Македонија денеска, со извештајот за напредок на Европската комисија, доби условена препорака за почеток на преговорите со ЕУ, пренесува „Мета“.

Во извештајот се посочува дека „сериозните предизвици забележани и во претходните години, сега се нагласени од најтешката политичка криза во земјата, од 2001 година, со пресретнатите комуникации кои очигледно вклучуваат високи владини претставници, што укажува на кршење на основните човекови права, мешање во независноста на судството, слободата на медиумите и во изборите, како и на партизација и на корупција“.

Во текстот се заклучува дека „меѓуетничката ситуација останува кревка“.

„Анализата на Охридскиот рамковен договор, кој во 2001 година му стави крај на конфликтот во земјата и кој ја обезбедува рамката на меѓуетничките односи, треба да биде завршена“, се вели во извештајот и се додава дека „случувањата во Куманово сè уште треба да бидат целосно истражени“.

Условите за да се почнат преговорите се да се спроведе целосно Договорот од Пржино и, второ, да се спроведат неопходните реформи.

Извештајот во целост, на англиски јазик, може да го прочитате на овој линк линк.