ОМ: Очекуваме монтираниот случај „Ровер“ да биде преземен од Јанева

0
928

Денешното повлекување на Јавната Обвинителка за случајот Ровер јасно ја покажа вистинската основа за монтираниот случај за Претседателот на ОМ, Љубе Бошкоски“, велат од Обединети за Македонија.

„Уште во текот на изминатиот период ОМ укажуваше на постоењето на непобитни факти и докази за местењето на случајот.

Очекуваме предметот наскоро да биде превземен од страна на СЈО, како случај во кој нашиот лидер е затворен врз основа на монтиран случај и дека Бошкоски е политички затвореник во Република Македонија, за кој се произнесоа меѓународните организации за човекови права, високи странски државни институции, како и странскиот дипломатски кор во земјава“, стои во соопштениеот на ОМ.