ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ВО МВР ЌЕ ГО ДОЧЕКААТ КРИМИНАЛЦИ И ПРОСТИТУТКИ…

0
3785

Одбор за пречек, веќе е подготвен за доаѓањето на новиот министер, ОЛИВЕР СПАСОВСКИ. По одамна опробано сценарио, криминалците и проститутките инсталирани од МИЈАЛКОВ и РАДНИКОТ, чекаат на готовс, да го пуштат ,,во процедура,, новиот министер. После би си го играле како ќе свири САШКО, оти РАДНИК е пензиониран грешник!

Кој го чека Спасовски во МВР!?

За да си ги задржат своите места и своите позиции, овие штетници веќе бараат приодни пацовски канали до СДСМ. Имаат задача да се сочуваат себе, да им се заборави што штета направиле во минатите години, како служеле на штета на граѓаните и како да продолжат да служат на МВР ДПМНЕ. Прва министерот ќе го пречека секретарката ЗОРИЦА КОРОВЕШОВСКА, криминалец од времето на СДСМ од вториот мандат, па ,,препарирана,, за служба кај ЈАНКУЛОВСКА и за услуги на ДПМНЕ. Коровешовска е ,,прославена,, со вадење пасоши на Роми идни азиланти, со посредство на нејзиниот сопруг, еднаш истеран од работа од МВР поради криминал со возачки дозволи, па вратен на работа. Неговото ,,приведување,, муштерии Роми кај сопругата Зорица, за пасоши после ослободување од визниот режим, е ,,тарифирано, со по 500 евра од барател. Коровешовска има успех и при вработување на ќерката во министерство за финансии, со помош од Јанкуловска успеала ќерката да ја дотурка до близина на СТАВРЕВСКИ и до негова висока доверба.

Кабинетот во кој ќе седне министерот СПАСОВСКИ е озвучен детално од камерманот ДРАГАН ГАЈЕВИЌ, специјалист на МИЈАЛКОВ за поставување ,,бубачки,,. Саксиите со цвеќе, лустерите, фиксните телефони и сите апарати во кабинетот се наполнети со ,,техника,,… Спасовски ќе биде пречекан и од вечната ВЕСНА ДОРЕВСКА. Квазиправничка која од право врска нема (сведок сум од двегодишната работа на Комисија за пасоши во која бев член, а Доревска доаѓааше и само тажно ,,блееше,,!). Ако денес ја прашате Доревска ќе ви каже дека литар крв дава за СДСМ во секој момент, два литра ако е неопходно. Ама, креаторка е на илјадници неправни кадровски решенија, инсталирани во МВР. Десна рака на Јанкуловска во ,,сечата,, на сите професионални кадри, заменети со автолимари и слични. Спасовски го чека и охридскиот ,,каубој,, ЛАМАНОВСКИ, СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ИЗБОРИ во ОХРИД, учесник во сите изборни фалсификати во овој град, во корист на ДПМНЕ. И тој е социјалдемократ по убедување, ама служи на ДПМНЕ за кеш.

До Ламановски е ЃОКО ПОПОВСКИ, помошник министер во секторот за финансии во МВР, деклариран како стручњак, партиски неопределен. Поповски има само една партија – ФАМИЛИЈАТА! Негов лидер и близок другар е МИЈАЛКОВ. Како кадар, Поповски е ,,роден,, во кадровската кафилерија на Ѕинго, работел и ,,занает,, учел во овчарската ,,Силекс банка,,. Па преминал преку Мијалков во МВР, да се ,,наебе мила мајка,, на државата и буџетот. И кеш да фане!

Има уште ,,социјалдемократи,, во МВР, во секторот за финансии. Сите опстанати по заминувањето на Бучковски од власт и ,,прелетани,, во јатото на ДПМНЕ. Мијалков ги користел (за да му се докажат као лојални!) при потпишувањето на сите финансиски договори надвор од РМ. Таква е ТАЊА ЛЕВАЈКОВИЌ, која откако му се докажала како извршителна и лојална, добила награда и во вид на вработување на ќерката во УБК. Шампион за фалсификати во Управната служба е некогашната ,,социјалдемократка,, ЈАДРАНКА ГУЛЕВСКА, бивша десна рака на Јанкуловска, актуелна десна рака на Митко Чавков. Гулевска е главниот актер во фалсификување пасоши и лични карти пред секои избори. Сега се ,,тресе,, ќе му биде ли барем прст од десната рака на Оливер Спасовски!?

Во екипата за пречек е и злото викано АПОСТОЛ СТОЈАНОВСКИ, најголем криминалец меѓу именуваните, екс шериф на Скопје и десна рака на пензионираниот Радник. АПОСТОЛ е уништувач на стотици илјади семејства , со помош на ЕЛВИР ЛИМАЈ, екс главен ,,каубој,, и после унапреден за шериф за албанскиот блок. Со нив рамо до рамо е и шефот на ПОЛИЦИСКИОТ СИНДИКАТ, Тихо КЛИМОВСКИ, МАНИПУЛАТОР СО СУДБИНИТЕ НА СИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО МВР. Си игра со вработените пред секои избори, ги сервира нивните маки и проблеми во ДПМНЕ, за да може да бидат уценувани и притискани. Од правата за вработените досега успеал да се избори за стан за себе во износ од 100 квадратнии метри, за трансфер на неговата сопруга од обична медицинска сестра во главен кадар во крим техника, учесничка во монтирање докази, изготвување разни лажни форензички анализи по порачка и сл. Се разбира, главен бизнис на синдикалецот ТИХО му е земање провизија од секоја зделка со фирмите кои на рати им даваат стока на вработените во МВР.

Посебен дел од одборот за пречек се елитните ПРОСТИТУТКИ! Собрани од разни забави, луди лумперајки, пијанки и ебанки, во режија на МИЈАЛКОВ и РАДНИКОТ, во МВР е доведена една цела репрезентација на ПРОСТИТУТКИ кои за плата имаат задача да шетаат полуголи низ кругот на МВР, да привлекуваат идни жртви,, типувани од шефовите. Најатрактивните меѓу нив веќе имаат задача да се пробијат, да се понудат и да ,,легнат,, некој од близината на Спасовски, а ако имаат среќа некоја од нив ќе допре и до него. Ова било и ќе биде, од кога постои светов. Сега во МВР е само малку побезобразно усовршено и доведено до перфекција.

Поситните и поневешти проститутки се распоредени по полициски станици низ Скопје, МВР е недостижна адреса за нив. Не го совладале занаетот како треба. Затоа работат по бараки, по распаднати станици, ама играат битна улога при местење избори и вршење ,,фин,, притисок врз гласачите. Кршат тврдокорни мажи! Патем, од шефовите имаат слобода на ,,терен,, да фатат и понекое евро, да си платат крија, да си купат нова гардероба, викенд до Охрид и нешто слично. Рамо до рамо со нив е мафијата во униформи и инспектори во цивил, лојални на ДУИ. Скоро во 90% случаи меѓу нив, имаат тешки кривични дела кои се заведени во терминалот на МВР. За време на избори сите до еден се на терен, со значка, пиштол, шипка и калашников у раце, по потреба. Распоредени се во Чаир, Бит Пазар, Шутка, Скопска Црна Гора, Ѓорче Петров, Сингелиќ и добиваат ,,избори,,.

Спасовски има СРЕЌА во НЕСРЕЌА во тоа што оваа несреќна ,,алијанса,, од битанги, манипулатори, криминалци и проститутки, му е на дофат, на очи, сервирана на тацна. Може да бира, дали ќе си ги прифати и ќе стане нивни плен или ќе ги расчисти и ќе се сврти кон професионалци кои сега се деградирани и фрлени во трет план. Спасовски има единствена прилика, истата онаа која некогаш ја имаше ЏАНГО МИХАЈЛОВСКИ и не ја искористи, со молневита акција да ги процесуира гореспомнатите и да им даде сигнал на граѓаните дека МВР навистина работи во нивни интерес. Беше и ХАРИ КОСТОВ министер, ама тој си призна јавно дека не може да се справи со организиран криминал и си се врати у банката. Во спротивно, СПАСОВСКИ ќе биде НОВО СТАР МИТКО ЧАВКОВ, обичен прислужник на ФАМИЛИЈАТА, свртен кон криминален бизнис кој наскоро ќе му згасне!

ОЛИВЕР СПАСОВСКИ денес има привилегија да бира кој пат ќе го фати…

Ја заборавив и МЕНКА СТАНИВУКОВИЌ началничка на пасошко одделение пред да дојде Јасминка Гулевска… после успешната акција за издавање на фалц пасоши, Аристотел Стојановски ја згрижи МЕНКА како шеф на кабинет во СВР Скопје. За неа веќе објавив на каков криминал е способна кога ќе и се даде задача…

И МЕНКА е дел од одборот за пречек на Спасовски…

Пишува: Зоран Божиновски (БУРЕВЕСНИК)