Новогодишна честитка на Љубе Бошкоски: Се гледаме во Слободна Македонија!

0
954

Се гледаме во Слободна Македонија, порача Љубе Бошкоски во неговата честитка за Новата 2016 година.

„На сите вас во татковинска и иселена Македонија, ви посакувам слободна Нова година. Ова нека биде година на ослободување од стегите на ‘робинката’ наша Македонија. Кога честитам со слободна Нова година мислам на силната порака на Св. Апостол Павле, во првото послание кон Коринтјаните 13 ‘Љубов’ – ‘Ако ги зборувам човечките и ангелските јазици, а љубов немам – тогаш сум бронза што звони, или кимвал што ѕвечи’. Суштината на тајната на среќата е во љубовта а слободата е највозвишена љубов, за која се живее и умира. Отсекогаш сме определени за слободата. Затоа од длабочината на мојата душа ви посакувам слободна Нова година како услов за започнување на Среќна година“, пишува во честитката на Бошкоски.