Новинарската етика не се уредува со закон

0
950

Медиумската регулација има смисла ако има институции и субјекти кои доследно ќе ја спроведуваат. Во спротивно, затрупаното медиумско корито се заканува да се излее, велат новинари и медумски експерти.

Нема договор за медиумските реформи. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вчера пред почетокот на разговорите во Работната група го отфрли предлог-законот за медиуми поднесен од СДСМ, со оценка дека е фрапантно лош. СДСМ, пак, предлог-законот го смета за ‘црвена линија’ од која не отстапува. Лоша регулација, премногу регулација или нејзина слаба имплементација? Ова се прашањата за кои деновиве се води интензивна дебата во партиски и новинарски кругови. Што му е потребно на македонското новинарство?

Не ни треба нов Закон, туку нов хоризонт, вели Миле Јовановски, новинар, основач и поранешен издавач на повеќе медиумски проекти.

„Македонија е држава со затворен хоризонт и се она што доаѓа како нова и здрава идеја која треба да протече над хоризонтот, поради неговата затвореност – се враќа назад и дополнително не дави. Овој опис ми се чини соодветен за идејата дека во ‘пет до дванаесет’ пред изборите ќе успееме да го регулираме медумското корито. Тоа нема да се случи. И досега имаше закон, имало и пари за тоа, ама гледаме дека тој што ги добил за да го чисти коритото, со нив денеска отвoра ТВ Нова. Македонија има закони, ама нема институции кои истите ќе ги спроведуваат. Има премиер кој на граѓаните се повикува само тогаш кога треба да ја одиграат улогата на народ (се друго може сам, и само тој знае како). Ним, на граѓаните, очигледно не им пречи да бидат театрална фикција“, констатира Јовановски.

Текстот на Катерина Блажевска во целост прочитајте го ОВДЕ