Лидерот на опозицијата Зоран Заев не ги покани уредниците на Мактел, Народен Глас и Доказ на вечерата во Ла Тераца. Со тоа тој де факто се дистанцира од нашиот речник и новинарски стил.
Не му се лутам и посакувам на опозицијата успех на изборите. Оваа борба не е за една вечер или каква и да е материјална корист. Овде се работи за борба за слобода, правда и иднина за сите. Секој нека се бори како знае и умее се додека е искрено и барем малку обмислено.
Го разбирам лидерот на опозицијата , тој мора како политичар да апелира за цивилизираност и пристојност во јавниот дискурс. Наше е да тераме брутално како што знаеме, имаме доволно голема фан група која бара малку погруб однос и талибанците да бидат дигнати на клоци во преносна смисла со мајку и шајку затоа што ненормални времиња барат ненормални техники.
Сепак се надевам дека СДСМ ќе ни дава интервјуа и изјави иако не се согласува со нашиот новинарски пристап. Ете тоа сакав да кажам сега имајте убав ден…
Фејсбук статус на Саше Ивановски, главен и одговорен уредник на порталот Мактел.мк