На 1. февруари македонската дипломатија излегува на протест!

0
1182

Македонските дипломати на 1 февруари излегуваат на предупредувачки протест против, како што велат, целосна дерогација на основните функции и негова деградација како Министерството за надворешни работи“.

Извори на НОВА ТВ од Синдикатот на македонската дипломатска служба изјавиле дека долго време предупредувале на катастрофалната состојба во дипломатијата, „партиско преземање и вршење на надворешно – политичките активности, катастрофалната кадровска политика на амбасадорско ниво и неадекватно распоредување на дипломати во ДКП-та, катастрофалната кадровска политика во централата во Скопје и институционално нефукционирање на МНР, антидемократијата во меѓучовечките односи и континуираниот повеќегодишен недоличен, некооперативен и игнорантски однос на раководството на МНР во однос на реакциите и барањата на Синдикатот, кој не соодветствува со практиката во ниту една нормална демократска држава, ниту е во согласност со меѓународни и европски стандарди на добро владеење во едно демократско граѓанско општество“.

Повеќе ОВДЕ