НОВА: Афера Телеком – “Ненормална ситуација бара ненормална дискреција”

0
1077

Дел од парите од сомнителните исплати во аферата Телеком биле всушност наменети за локални експерти и локални таленти во Македонија по барање на владата, тврди во своето сведочење поранешниот генерален директор на Маѓар Телеком. Тој е еден од тројцата поранешни директори обвинети за поткуп на македонски политичари во случајот пред Окружниот суд во Њујорк заедно со Андраш Балог и Тамаш Морваи, пишува Нова.

Штрауб одговарал на прашањата на тужителот од американската Комисија за хартии од вредност на 31 јули и 1 август 2014 година, а НОВА дојде до трaнскриптoт од неговото сведочење. Поранешниот генерален директор на повеќе наврати вели дека не се сеќава што точно се случувало во 2005 и 2006 година кога се одвивала наводната коруптивна шема.

Сепак, покрај Протоколот за соработка, како клучен документ во истрагата, тужителот поставува повеќе прашања и за документ испратен по електронска пошта од Андраш Балог до Елек Штрауб. Оваа е-маил порака е испратена на 31 мај 2005 година, неколку дена по потпишувањето на контроверзниот Протокол.

Во една подточка од документот со поглавие „Прашање: Што да правиме со одделните исплати“ се вели: „Исплатата е возможна, но би можеле на пример да платиме 2 милиони евра, по еден милион на македонската и на албанската консултантска фирма преку Телемакедонија“.

Штрауб објаснува дека овие исплати биле дел од договорот за купопродажба на Македонски телеком со кој требало да се исплатат вкупно седум милиони евра за четири години. Но, тогашниот премиер Владо Бучковски преку владиниот претставник во Одборот на директори Дејан Мицковиќ побарал парите да се исплатат на два дела: пет милиони „за оригиналните цели“, а со останатите два милиони да се најмат „локално знаење, локални таленти, локални консултанти или експерти“.

„Тие бараа овие два милиони од вкупно седум да бидат платени, или да бидат потрошени за локални експерти“, вели Штрауб.

Иако наводно „долго време“ спореле околу ова прашање, на крајот Унгарците се согласиле „теоретски“ да ги исплатат парите, но сметале дека треба да се дадат пари на двата „ентитета во Македонија“.

„Идејата беше да потрошиме по еден милион, или по околу половината за Албанските национални експерти и за Словенските национални експерти. Ова беше еднаков третман, односно еднаква можност за различните националности“, вели Штрауб. Сите овие исплати ги вршела фирмата-ќерка на Македонски телеком – Телемакедонија.

Текстот во целост прочитајте го ТУКА