НИКОГАШ ТОЛКУ МНОГУ….

0
1485

Никогаш толку многу отров и омраза врз нашите пријатели од Европската унија и од НАТО не бил истурен како сега и тоа ни во последните 25 години, а богами ни во време на комунизмот, барем откако јас почнав ги следам актуелните настани од 80-ите години од минатиот век.

Никогаш толку многу навреди и клевети врз нашите пријатели од ЕУ и НАТО не биле искажани и тоа во ситуација кога ние ги молиме да станеме членки и во едната и во другата организација, а со тоа и официјално да бидеме дел од западната цивилизација во која природно припаѓаме и која нема алтернатива.

Никогаш толку многу не сме биле неблагодарни кон нашите пријатели од Запад и тоа во време кога веќе барем две децении непрекидно и постојано ни помагаат и тоа и со know-how и со суви пари во износи од над 150 милиони евра годишно со години по ред (само ЕУ ни дава 95 милиони евра, а УСАИД 13-15 милиони долари годишно неповратни средства од кои најголем дел одат за државата/државните институции).

Никогаш толку многу мојот народ не бил ксенофобичен, при што својата фобија од странци ја истура кон оние земји од кои најмногу зависиме (79% од македонскиот извоз оди во ЕУ), кон оние кои се подготвени да не примат со отворени раце само кога би биле доволно интелгентни да знаеме да ја прифатиме нивната понуда, кон оние кои и во оваа ситуација се согласија да бидат медијатори на нашите глупости, а се со цел да не се испотепаме меѓусебно или во најмала рака да не ја упропастиме државава со децении во иднина.

Фејсбук статус на Владимир Петрески