Мисини: „Фабриката за афери“ е дел од специјалната војна на ВМРО-ДПМНЕ

0
1370

2016 година ќе биде пресвртна од аспект на тоа дали ние ќе ставиме никулци за нормален почеток и развој на демократска Македонија. Втората опција е животарење во еден систем чијшто правен поредок не функционира. Ако ние досега сме изубиле 600.000 луѓе од кои голем дел млади и перспективни, во ваков случај ќе изгубиме уште 600.000. Тогаш не знам на што ќе личиме, ама нема да личиме на држава, вели во интервју за Стандард.мк Суад Мисини, граѓански активист и извршен директор на Истражувачкиот центар за граѓанско општество.

Кој ја пресече лентата на популарно наречената „фабрика за афери“?

-Тоа e дел од специјалната војна која ВМРО-ДПМНЕ ја води против опозицијата, којашто некои стратези можеа да ја предвидат. Тоа не беше тешко затоа што фамилијарниот дел на ВМРО-ДПМНЕ не можеше поинаку да функционира. Требаше да се очекува дека тие ќе ги впрегнат сите капацитети за да можат својата стратегија да ја доведат до цел, а таа стратегија подразбира да се сочува гола кожа до денот на избори, да се остави што повеќе во ќош опозицијата во меѓувреме и изменетите закони кои што произлегоа од Пржино да бидат што помалку болни.
Тоа подразбира кога ќе влезе министерот за внатрешни работи на СДСМ, да го „возат“ постојано на сите страни и ќе го „расчеречат“ со разни сечени и несечени дрвја, 100 лични карти, за да не може да се занимава со она со кое би морал да се занимава во еден таков кус период, а тоа е драматично институционално да го изложи криминалот за кој што опозицијата зборува веќе долго време. Тие беа повеќе од релативно успешни во таа специјална војна и тоа личеше на нив, симболичното пресекување на лентата за која ме прашувате.

Се фати ли Заев на јадицата која му ја поставија?

-Очигледно да, ние можеме да дебатираме за тоа колку тој можеше да биде имун на една таква стапица во постоечките околности, меѓутоа, колку и да траат ефектите на таа стапица, ВМРО-ДПМНЕ си ја исполни целта до наредната стапица и опструкција, до наредното релативизирање и разводнување.

Дали Заев всушност го потцени политичкиот противник?

-Многу структури, меѓу кои и опозициски го потценија деструктивниот карактер на ДПМНЕ, но не можам со 100 отсто сигурност да го тврдам тоа зборувајќи за Заев бидејќи исто така има објективни околности-пристап до институции, ресурси, медиуми, итн. Објективно не може да направите повеќе. Тоа е едниот аспект. Меѓутоа прашањето што го поставувате е важно затоа што тоа е еден од носечките темели на оваа специјална војна на ДПМНЕ. Јас мислам дека ДПМНЕ не успеаа на објективната јавност да ја наметнат својата квази-вистина заради веќе постојниот начин на медиумско покривање на нивните т.н. „активности“, а тоа е дека тие вообичаено своите манипулации и информации ги пласираат на одредена публика која е точно дефинирана.
И нивниот успех во однос на она за кое ме прашувате е строго лимитиран на таа популација и тоа не е мал успех.
Меѓутоа длабоко сум уверен дека тие не успеаја драматично да ја свртат позицијата на оние кои се традиционално неопределени. Исто така не мислам дека тие на драматичен начин успеаја да ги поматат позициите на оние кои се гласачи на опозицијата.

На кој дел публиката која ја споменувате се обраќа Груевски, на пример, кога после тоа што се слушна од бомбите за тоа дека нарачува да се купи скап мерцедес, во интервју умее да каже дека возилото не го правело човекот во политиката?

-Се трудам да не одговорам вулгарно на вакви прашања. Меѓутоа има еден голем дел на луѓе кои едноставно не процесуираат и за жал или за среќа ние можеме да го видиме тој дел од популацијата присутeн на социјалните мрежи или луѓе коишто ги гледаме како коментираат за работи што ги објавуваат провладините медиуми. И тука не мислам на лажни профили и тролови, туку на обични луѓе. Јас сум постојано фасциниран од заслепеноста на тие луѓе односно од нивната подготвеност да не сакаат да слушнат што е реалноста која не само што е очевидна, туку не може да се побие.

Интервјуто на Суад Мисини во целост прочитајте го ОВДЕ