Мигрантите повредиле 18 полицајци

0
898

Осумнаесет полициски службеници се повредени откако биле каменувани од економските мигранти на македонско-грчката граница. Двајца полицајци имаат тешки во преди на главата, а еден имал потрес на мозокот.

Демолирани се возила, скршени се штитови на полицијата и на армијата од страна на мигрантите кои денеска во 13.30 часот на граничната линија кај кота 59 на границата со Грција фрлаа камења кон полицијата и армијата, објави Телма.

Сето ова се случи кога армијата почна да поставува жица од котата 59 долж границата со Грција. Полицијата информира дека состојбата на котатата 59 е нормализирана.

Армијата на Република Македонија изутринава започна со поставување на ѕид на границата со Грција. Камионите и багерите забрзано закопуваат бетонски и метални столбови високи 3 метри.