Мемети: Снегот ќе заврне пред да се подобрат условите за бегалците

0
1218
Иако досега избегнавме инциденти и поголеми проблеми, морам да кажам дека во нашите земји никој не смее да седи во кал и ѓубре и премрзнат да чека да му се дадат документи, изјави денеска српскиот народен правобранител Саша Јанчевиќ, при заедничката посета со неговиот македонски колега Иџет Мемети на двата прифатни кампа на границата меѓу двете земји.
Не е потребно познавање на нуклеарна физика за да се направи подобра стратегија со која ќе им се овозможи на бегалците похуман третман во прифатните центри, пренесува Радио Слободна Европа.

„Похумано и почовечно да ги третираме луѓето кои доаѓаат од војна. Тие заслужуваат помош и достоинствен транзит. Не е потребно познавање на нуклеарна физика за да се направи подобра стратегија со која ќе им се овозможи на бегалците похуман третман во прифатните центри“, рече Јанчевиќ.

Мемети рече дека неговиот впечаток е дека условите во прифатните центри се далеку од добри и дека уште многу треба да се работи.

„Снегот во Македонија ќе стигне пред реализацијата на плановите на македонската влада за подобрување на условите во прифатните кампови“, рече Мемети.

Текстот во целост прочитајте го ОВДЕ