Марихуаната ќе се легализира за медицинска употреба

0
1320

Министерството за здравство во соработка со Агенцијата за лекови и медицински средства, подготви Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции во насока на легална контролирана употреба на производи од канабис за медицински цели во Република Македонија.

Според Предлог-законот, канабисот ќе може да се произведува и користи само во Македонија, а ќе може да го произведуваат само правни лица.

– По изнесување на различни искуства и воочување на бенефитите и ризиците од употребата на канабисот во медицински цели денеска сакам да информирам дека Министерството за здравство, во соработка со Агенцијата за лекови и медицински средства, подготви предлог закон за изменување и дополнување на законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции во насока на легална контролирана употреба на производи од канабис за медицински цели во Република Македонија – изјави министерот Никола Тодоров.