Македонија ќе се огради и на преминот Меџитлија

0
1173

Македонија почна да гради и втора ограда на границата со Грција, по онаа во Гевгелија, во желба за подобра контрола на бранот мигранти, рекол воен извор во Скопје, пренесе „Радио Слободна Европа“.

– Ќе подигнеме граница во подрачјето на Меџитлија – рекол македонскиот воен извор, кој сакал да остане анонимен.

Според него, тој дел од границата е порозен и со тоа би се спречиле илегалните влезови на мигрантите.

Македонија на 19 ноември почна да врши селекција на мигрантите врз основа на тоа од која земја доаѓаат, поради што тие почнаа протести.

Кон крајот на ноември, пак, заврши изградбата на оградата долга три километри на границата со Грција кај преминот Богородица во Гевгелија.