МЕГА МЕГА СКАНДАЛ: По наредба на синот на Трајко Вељановски, полицајци малтретирале и потоа повикале на информативен разговор жител на Ѓорче Петров!

0
13460

Зоран Божиновски на својот фб профил објави нови моменти од скандалот во Ѓорче Петров за кој прво јави А1он, во кој синот на спикерот на собрание се заканувал на жител на Ѓорче Петров. Го објавуваме неговиот текст со предупредување дека овие наводи засега не ни се потврдени со портпаролите на МВР задолжени за комуникација со јавноста:

За малтретирањето на жител од ЃОРЧЕ ПЕТРОВ не е ,,виновен,, СИН НА ФУНКЦИОНЕР, туку ФИЛИП ВЕЉАНОВСКИ, наркоман и зависник од кокаин, апсен во Грција па ослободен со пари од АМСМ, син на ТРАЈКО ВЕЉАНОВСКИ…

Објавија медиумите, ама да дополнам малку и јас: По сообракајна несреćа на улица 4. Јули, завчера околу 22 х. (што е во близина на куќата на ВЕЉАНОВСКИ!), пред да стигне полицијата на лице место излегол да помогне на повредените човек кој е медицинско лице.

Притоа дошол ФИЛИП ВЕЉАНОВСКИ почнал да врши увид како да е инспектор до МВР, човеков му одговорил дека ова се случува поради тргнатите ,,легнати полицајци,, и развивање огромна брзина на оваа улица. ВЕЉАНОВСКИ ЈУНИОР тука се нашол прозван и погоден, му се нафрлил на човекот со навреди, му се заканувал и веднаш по телефон нарачал негово приведување во полиција. Ама нарачката не му успеала, туку добил информација дека тие ке си го повикаат лицето во станица на ,,информативен разговор,,.

Во тој момент не размислиле дека ова може да стигне и до медиумите и дека човекот е малку повеке писмен отколку што претпоставуваат. Заборавиле и дека МИТКО ЧАВКОВ веке не им е министер. За да му удоволат на наркоманот Вељановски, сепак на човекот му испратиле ИТНА покана да се јави во полициска станица, врз основа на поплака!

Еве детали што всушност се случувало, ги добив од сестрата на пријавениот: ,,Прво ни дојде полиција на врата, сакаа да го приведат брат ми. Прашавме зошто!? Ни рекоа дека син му на Трајко така наредил ама да не кажувам никому, оти беа усрани во гаќи затоа што се расправав со нив на цел глас!!!!! Поканата е за 22:11 во 20 :30 часот!!!!

Ке ве молам да го објавите ова затоа што ова што се случува ги преминува сите граници!!!!! Поканата е направена откако Филип Вељановски дошол кај нас пред кука и барал име и презиме од брат ми!!!! Му се спротивставила сопругата на брат ми и на неа и се заканувал и дека ке ја искрши од кутек!!!!! Бевме во полициска станица и го пријавивме за закана и го дадовме во медиум мегутоа без име и презиме бидејки сите во полициската станица веке беа информирани за ситуацијата. Филип во пријавата против брат ми навел дека тој директно се заканувал на собранието на РМ и на Трајко Вељановски!!!!!!!!

Во недела после сослушувањето на брат ми во полиција ке ви го пратам записникот и податоците од тој што го сослушувал!!!!! Веке е дигната узбуна у МВР!!!!! Решени сме сега да одиме до крај. Во станица додека бевме им се јавија дека веке е излезено во медиуми и не не примаа два часа додека да се договорат, беа убедени дека ке си одиме и ке се откажеме од пријавување!!!!!

12241529_10204069295133267_1450182195953176108_n