Либералната партија ќе оди самостојно на избори

0
917

Нашата одлука за претстојните избори е да настапуваме самостојно со сопствена победничка стратегија, изјавил Венко Глигоров, претседател на комисијата за економија и финансии при Либералната партија, на работната средба со членовите на општинската организација во Прилеп.

– Битно ни е нашите решенија и модел за развој на Македонија да допре до поголем број на граѓани во Македонија. Каков сакаат изборен модел да направат В-Д или СДС, ние ќе се посветиме на привлекување повеќе гласачи. Граѓаните се приоритет за нас – рекол Глигоров.

Според стратегијата, Либералната партија ќе направи реорганизација на министерствата, а сите несуштински делови и активности на владините институции и тела ќе се префрлат во надлежност на бизнис и невладиниот сектор. Либералната партија најави дека ќе се посвети на активности и решенија групирани во трите стратешки теми: „Економија на прво место“, „Организирана држава“ и „Образование и млади“.

Денеска попладне, претставници од Либералната партија организираат работна средба со општинската организација во Охрид.