Лазаревска до британскиот амбасадор: Вие барате од убијците на професионалното новинарство, Марјан Цветковски и Диме Ратајковски, да се обврзат на професионално известување!

0
1520

Искрено, мислев дека ова е вест од пред дваесетина години, но ме отрезни кога сфатив дека се работи за актуелниот британски амбасадор. Оној истиот, што пред два месеца не учеше дека ни е потребна сатира, дека е добро да се смееме, на што да се смееме… Им изготвиле прирачник на новинарире во МТВ како да известуваат балансирано и со, се уште актуелниот директор на МРТВ, мртви ладни, не информираат дека на заедничко задоволство, во Јавниот сервис се обврзале дека ќе го применуваат и дека ќе бидат непристрасни и балансирани?! Исто како BBC! Уште еднаш, исто како во BBC!

Патем, ова ми звучи познато и веќе видено и на сопствен грб почувствувано,а не е во BBC. Имам чувство дека ни се случува Twilight Zone. Дека сме вратени во минатото, дека ова му се случува на некој друг, не на нас, не мене.

Е па, пред точно 30 години ме учеле во Телевизија Скопје на основите на новинарството, а и пред мене и после мене,пред и после многу генерации професионални новинари, во Македонија постоеле и ќе постојат професионалци исто како во BBC! Навистина сум разочарана од односот на меѓународните претставници во нашата земја кои не третираат како имбецили.

Почитувани, рибата смрди од главата. Како во државниот врв,така и во МТВ. BBC го нема Марјан Цветковски за генерален директор, Диме Ратајковски и Горан Петревски за уредници. Вие барате од убијците на професионалното новинарство, да се обврзат на професионално известување! Невидено и нечуено! Не ги понижувајте новинарите, кои се изложени на притисоци и работна тортура. Најголемиот дел од нив многу добро си ја знаат својата работа. Ослободете ги медиумите од партиското влијание и диктатура и се ќе биде во ред. Ве уверувам, со сиот мој професионален новинарски багаж, кој патем,вие го оценувавте како професионален и објективен!

Фејсбук статус на Емилија Лазаревска