ЛДП: Ова нема да биде последен обид за продажба на Офицерски

0
1118

Соопштение на ЛДП:

ЛДП е згрозена од однесувањето на Вмро-Дпмне, кое откако беше живо фатено во продажбата, почна да вика не го даваме Офицерски.ЛДП е згрозена од идејата на Вмро-Дпмне да го продава Офицерски.
Убедени сме  дека битолчани нема да го заборават обидот на Вмро-Дпмне да го продаде Офицерскиот дом во Битола. ЛДП е убедена дека битолските функционери беа прашани и дадоа согласност за продажбата,  а тоа и јавно го потврдија.
ЛДП е убедена дека ова нема да биде последен обид за продажба на Офицерски. Вмро-Дпмне ќе се обиде повторно тоа да го направи, се разбира формата ќе биде различна, ама не сме сигурни дали тоа веќе им текнало или допрва ќе им текнува.
За среќа времето на Вмро-Дпмне брзо одминува, битолчани на наредните избори убедливо ќе го поразат Никола Груевски затоа што може да му текни да ја продаде и Хераклеа, Градскиот саат, Широк Сокак или Пелистер, а во Битола тоа никој нема да го дозволи.