ЛДП-Битола: Талевски, дали во градот ќе сместиш бегалски камп?

0
1077

ЛДП-Битола изрази сериозна загриженост поради можноста, која, како што наведува, срамежливо но се почесто се најавува, Македонија да биде место во кое ќе се сместат илјадници бегалци во бегалски кампови на територијата на цела држава.

„Загриженоста доаѓа и од фактот дека Битола би можела да биди една од дестинациите на бегалците, односно дел од поранешната касарна да биде бегалски камп. Не можеме да прифатиме, некој, заради перење на своите криминали да прифати бегалски камп на територијата на општината, а притоа да ја наруши безбедноста и сигурноста на граѓаните на Битола. Поради тоа сакаме да го прашаме градоначалникот на Битола , дали некој воопшто го прашал за таквата можност и дали за истото бил консултиран.

Исто така го повикуваме Талески, децидно да се изјасни дека не прифаќа кампови во Битола, и барем пред заминување да направи барем едно добро дело за градот“, побараа од ЛДП-Битола.