Кривичниот суд одлучи на Зоран Заев да му се суди за поткуп

0
1325

Кривичниот суд поднесе обвинение за поткуп против претседателот на СДСМ Зоран Заев. Обвинителниот акт на јавното обвинителство е потврден од страна на Советот за оценка.

На 1 јули во Општинскиот суд Скопје 1 беше одржано јавно рочиште за случајот за примање на поткуп со претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Судот ги одби приговорите на одбраната.

„По одржано јавно рочиште за оценка на обвинителниот акт на 1 јули, како и по детална анализа на сите приговори поднесени од одбраната, по ценење на фактите и доказите приложени во обвинителниот акт, Советот го одобри во целост, додека приговорите на одбраната ги одби како неосновани”, се вели во соопштението на судот.

Предметот ќе биде распределен кај судечки судија од Одделението за организиран криминал и корупција, по што ќе биде закажано судење.

Градоначалникот на Струмица Заев е осомничен дека од струмички бизнисмен примил поткуп за продажба на градежно земјиште.