Кои се тие гаражи и скриени влезови кои водат до ВМРО-ДПМНЕ, каде Јанкулоска се заканувала врз сведоци?!

0
1160

Јавниот обвинител од СЈО, открива дека поранешната министерка Гордана Јанкулоска веќе влијаела врз сведоци.

„Конкретно на осомничената Ј. Г. (вработена во МВР, н.з.) и било побарано да се воздржи од било каков инкриминирачки однос против осомничената (Јанкулоска, н.з.) до изборите на 24.04.2016 година, а потоа поради победата на ВМРО се ќе било успешно завршено и таквото сведочење ќе се ценело како највисок акт на патриотизам во спротивно Ј. би била предавник. Појасни дека Ј.Г. по формирање на ова обвинителство, откако од актуелниот м………….. (министер, н.з.)  била повикана на разговор во врска со состојбата со незаконски издадените лични карти, веднаш потоа преку лицето Р.С. преку некакви гаражи и скриени влезови била однесена кај сега осомничената (Јанкулоска, н.з.) во просторите на ВМРО каде што и било побарано да одговори што кажала кај актуелниот м….. (министер, н.з.) Ова не е единствен наврат во кој што се вршел обид за влијание врз Ј.Г. Во останатите наврати осомничената Ј…… била психички малтретирана и и се вршел притисок да пред обвинителството не ја зборува вистината затоа што таа би довела до вистината за К.Т. и Г.Ј. И на нејзиното работно место имало обиди за влијание, поради што таа децидно се изјаснила дека не се чувствува безбедно самата и нејзиното семејство. Поради овие причини смета дека определувањето на мерка притвор против осомничената Г.Ј. поради постоење на причините предвидени во чл165 ст.1 т.2 од ЗКП, е сосема основано“, кажал обвинителот од СЈО пред судот.

Се поставува прашањето за какви гаражи и скриени влезови се работи, односно од каде може да се пристапи до седиштето на новата зграда на ВМРО-ДПМНЕ, и дали истата има повеќе влезови освен официјалниот кој се гледа, како и зошто на владејачката партија би и биле потребни тајни влезови. Во јавноста веќе постоеја шпекулации за подземни влезови кои биле направени за новата зграда, но се досега немаа никаква поткрепа.