Кирацовски поднесе кривична против министерката Арсовска Томовска

0
790

Поднесов Кривична пријава против министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, затоа што се обиде незаконски да изврши притисок врз вработените во министерството. Дописот во кој што им наложува на вработените, веднаш да престанат да доставуваат документи до мене како дополнителен заменик министер и до мојот кабинет е противзаконски, рече Александар Кирацовски, дополнителен заменик на министер за информатичко општество и администрација.

Со него министерката ги наведува и вработените во Министерството на кривично дело.

Министерката Арсовска Томовска со овој допис нанесува директна штета на нормалното и законско функционирање на министерството.

Според Законот за Влада1 дополнителниот заменик министер има право на неограничен пристап до сите акти, документи и информации што му се достапни на министерот и вработените во министерството, на барање на дополнителниот заменик министер СЕ ДОЛЖНИ да му ги достават2!

Груевски, соработниците и власта на ВМРО-ДПМНЕ се во огромна паника, бидејќи почна да излегува вистината за нивното работење на штета на граѓаните.

Во овој случај ги вознемирија податоците што ги обелоденив, дека да не го спречевме апсурдното оценување, стотици административци ќе беа или избркани од работа, или парично казнети!

Министерката со обидот да спречи да имам увид во документи што по закон ми следуваат направи дело за кое кривично се одговара.

Оваа Кривична пријава е порака дека сите кои како Марта Арсовска Томовска ќе се дрзнат да вршат притисок или уцени врз администрацијата, ќе се соочат со кривична одговорност.

И благодарам на администрацијата за поддршката и што ја препозна нашата искрена намера за нормализација на состојбите на кои што се и тие жртва, и ги повикувам така да продолжиме во периодот што претстои.

Заедно ќе ставиме крај на сите притисоци и уцени врз администрацијата.

Очекувам обвинителството да ги земе предвид фактите во пријавата и да отвори истрага за стореното кривично дело, додаде Кирацовски.Kiracovski-685x320