Катица побарала телохранители за СЈО по говорот на Груевски

0
956

Специјалното јавно обвинителство побарало од Министерството за внатрешни работи на институцијата да и бидат доделени телохранители кои ќе работат и на лично обезбедување на јавните обвинители, инфорира Плусинфо

katica-janeva-obviniteli-540x408

Ова барање доаѓа по вчерашниот говор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој во еден дел беше посветен и на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева: „Оваа лекција ќе помине многу долго време, пред на некој политичар му падне на ум да се обидува на власт да доаѓа со голема измама, со соработка со странски разузнавачки служби, со соработка со криминалци, со фалсификатори, Чауши, Ванхојтовци, Катици и со продавачи на магла на типови чија главна цел е да ги изрекетираат бизнисмените во нивниот град“.

„Како Јавно обвинителство сме сериозно загрижени, поради што ова Јавно обвинителство одлучи да ги зголеми мерките за безбедност. Во оваа насока појаснуваме дека од страна на Министерството за внатрешни работи побарано е да бидат доделени на работа на ова Јавно обвинителство лица кои ќе работат и на лично обезбедување на јавните обвинители“, велат од Обвинителството за Плусинфо.