Катица Јанева достави иницијатива за донесување на Законот за јавнообвинителската служба

0
1258

Соопштение на Специјалното јавно обвинитеслтво:

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, ја известува јавноста дека со оглед на фактот што до денес не добивме одговор од надлежните инстутуции во врска со Законот за јавнообвинителската служба на ова Јавно обвинителство, а постои итна потреба од донесување на овој Закон, до Владата на Република Македонија и сите пратеници од Собранието на Република Македонија доставена е иницијатива за  донесување на овој Закон.

Во иницијативата образложени се причините поради кои е неопходно донесувањето на Законот, а воедно е дадена и анализа состојбите и моменталната законска рамка, импликациите кои Законот ќе ги има, како и текст на предлог законот кој го изготвивме согласно потребите на обвинителството, имајќи го предвид Законот за јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Имајќи ја предвид важноста која ова Јавно обвинителство ја има за Република Македонија, како и неопходноста од негово непречено функционирање, очекуваме позитивен одговор на нашата иницијатива и носење на Законот во итна постапка.

Во продолжение следува образложението на инцијативата за донесување на предложениот Закон.

I. Оцена на состојбите во областа што треба да се уреди, потребите и причините за донесување на законот

Донесувањето на Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (Службен весник на Република Македонија број 159/15) ја наметна потребата од донесување на нов закон со кој ќе бидат уредени правата, должностите, одговорностите, платата и додатоците на плата на лицата вработени во јавнообвинителската служба на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Ова од причина што неопходна е законска регулатива која ќе овозможи реализација на одредбите од член 9 став 8, член 13 став 1, член 14 став 4, член 15 и член 16 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, преку доследно почитување на принципот на автономија на ова Јавно обвинителство. Постоечката законска регулатива (Законот за јавнообвинителска служба), предвидува постапки за вработување на лица, кои не се во согласност со Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (Службен весник на Република Македонија број 159/15). Имено, со Законот за јавнообвинителска служба предвидено е дека Јавниот обвинител на Република Македонија донесува годишен план за вработувања на јавнообвинителските службеници за следната календарска година, а барањето за пополнување на работно место се доставува до Јавниот обвинител на Република Македонија, кој одлучува за основаноста на барањето, по претходно прибавено мислење за одобрени финансиски средства од Министерството за финансии. Воедно согласно овој Закон, решенијата за вработување ги донесува Јавниот обвинител на Република Македонија, а самиот закон не предвидува правен основ за вработување на лица во ова Јавно обвинителство, бидејќи истото е основано после донесување на Законот.

Во оваа насока, имајќи ги предвид цитираните законски одредби од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, принципот на автономија на ова Јавно обвинителство, специфичните надлежности и дејствијата кои е овластено да ги извршува, фактот што истото за првпат се воспоставува во Република Македонија, како и фактот дека ова Јавно обвинителство ги вклучува и истражителите, експертите, стручната и административната служба, имајќи го предвид и специфичниот карактер на работите и работните задачи кои ги извршуваат вработените, се наметна потребата од донесување на нов Закон, во кој ќе бидат регулирани сите прашања кои во постоечкиот закон за спорни, а ќе се предвиди субсидиерна примена на постоечкиот Закон, за сите прашања за кои постои таква можност.

 

  1. Цели, начела и основни принципи

Предлогот на Законот за вработените во јавнообвинителската служба на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите се заснова врз начелата на законитост, професионалност, стручност и компетентност, одговорност, ефикасност, професионална етика, непристрасност и објективност, доверливост, спречување судир на интереси, економичност и почитување на принципот на хиерархиска поставеност во рамки на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

 

  1. Објаснување на содржината на одредбите на предлог законот

Со предложениот закон се предлага системско уредување на правата, обврските, одговорностите, платата и додатоците на плата на вработените во јавнообвинителската служба во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Предлогот на Законот за вработените во јавнообвинителската служба во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите содржи 61 члена, кои се систематизирани во единаесет глави.

Со Главата I од предложениот закон се содржани основните одредби, односно предметот на Законот, со кои се дефинира опфатот на вработените во јавнообвинителската служба во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, начелата и класификацијата на работните места.

Со Главата II, III и IV се уредуваат видовите на вработување и начинот на пополнување на работните места на во јавнообвинителската служба на Јавното обвинителство, кое може да се изврши преку постапка за вработување преку објавување јавен оглас и преку преземање, а пропишани се и општите услови за пополнување на работните места. Воедно предвидени се и постапки за унапредување. Истовремено, во оваа глава е пропишан посебен член за истражителите кои му се доделуваат на работа на Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство и лицата кои ќе работат на обезбедувањето, при што се пропишува дека бројот на овие лица со одлука го определува Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство, а се дефинира и нивниот статус во рамките на јавнообвинителската служба.

Во Главата V се уредуваат правата, должностите и одговорностите на вработените во јавнообвинителската служба на Јавното обвинителство, со тоа што овој Закон упатува на примена на одредбите од Законот за јавнообвинителска служба, бидејќи во овие сегменти, не постои никаква пречка за дирекна примена на постоечкиот закон. И за главата VII која се однесува на стучното усовршување, содржана е упатувачка одредба на Законот за јавнообвинителска служба, од веќе образложените причини.

Во главата VI во целост се уредува платата и додатоците на кои имаат право вработените во јавнообвинителската служба на Јавното обвинителство, како и истражителите и лицата во секторот за обезбедување, имајќи ја предвид одредбата од Законот за јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите каде е определено дека платата и другите надоместоци на вработените во јавнообвинителската јавнообвинителската служба на Јавното обвинителство ќе се определат со закон.

Во Главата VIII се уредува ефектот на јавнообвинителските службеници, преку порпишување на постапки за следење на нивната работа и нивно оценување, како и ефектот на успешноста од работењето врз работниот однос.

Во главата IX уреденеи се дисциплинската и материјалната одговорност на вработените во јавнообвинителската служба на Јавното обвинителство, со тоа што уредени се само прашањата кои од постоечкиот Закон за јавнообвинителска служба беа неприменливи, а за се останато содржана е упатувачка одредба на Закоото за јавнообвинителска служба.

Во главата X се утврдени начините за престанок на  работниот однос на вработените во јавнообвинителската служба во Јавното обвинителство, при што со законот се предвидуваат и други основи за престанок на работниот однос и во случаите кога ќе престане потребата за извршување на работните задачи за конкретното работно место, како и престанок на работниот однос заради прекршување на начелото за доверливост. При тоа, имајќи ги предвид специфичните работни задачи кои ги извршуваат вработените, во предложениот закон пропишана е обврска за враќање во целост на средствата примени како додаток за доверливост за лицата кои ќе го прекршат начелото на доверливост или ќе постапат спротивно на Законот за класифицирани информации. Истовремено се пропишува дека решението за престанок на работниот однос го донесува Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство. Воедно содржани се одредби со кои се регулира статусот на вработените лица по укинување на јавното обвинителство, а кои се однесуваат токму на престанокот на нивниот работен однос.

 

Во Главата XI од Законот се сместени преодните и завршни одредби со кои е уредено влегувањето во сила на Законот, утврден е рок за носење на актот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Јавното обвинителство, како и рокот за постапување на Јавното обвинителство на Република Македонија со цел да не се јави правна празнина во постапувањето при преземањата на вработените од јавнообвинителската служба.

 

  1. Меѓусебна поврзаност на решенијата содржани во предложените одредби

 

Предложените одредби се меѓусебно поврзани и како такви прават правна целина и се применливи.

 

  1. Последици што ќе произлезат од предложените решенија

 

Со предложениот текст на Предлог-законот за вработените во јавнообвинителската служба во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, системски се регулираат прашањата кои се однесуваат на вработените во ова Јавно обвинителство, а законот нема да има непредвидени финансиски импликации, бидејќи платите и додатоците за реализација на вработувањата се веќе инкорпорирани во финасискиот план на Јавното обвинителство, кој согласно член 16 став 3 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите не може да се менува и Министертсвото за финансии и Собранието на Република Македонија се должни да го вградат во Буџетот на Јавното обвинителство на Република Македонија.

 

  1. Итна постапка за донесување на законот

Целокупното уредување на прашањата поврзани со вработените во јавнообвинителската служба на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите е неопходно заради овозможување на отпочнување со работа на Јавното обвинителство како и обезбедување негова целосна функционалност од аспект на превземање на дејствијата во рамки на утврдените надлежности и во законски пропишаните рокови, поради што потребно е овој закон да се донесе по итна постапка.

Имајќи предвид дека во рамките на Вашите законски надлежности стои и надлежноста за предлагање на ваков закон, водејќи се од уверувањето дека потребата од носење на овој закон е повеќе од очигледна, како и дека сте свесни за одговорноста и важноста на непреченото функционирање на ова Јавно обвинителство за Република Македонија, Ви се доставува оваа иницијатива, во прилог на која е и предлогот на текстот на законот. “