Катица Јанева бара поголема надлежност врз заштитените сведоци

0
1153

Катица Јанева преку амандмани на постојниот Закон за заштитени сведоци ќе бара да ѝ се олесни користењето ваков вид сведоци. Истовремено, со амандманите се бара во законот да фигурира и Специјалното обвинителство за тоа да може да предлага и да бара заштита на одредени сведоци, потврди за „Мета“, портпаролката на Специјалното јавно обвинителство, обвинителката Ленче Ристовска.

– Станува збор за амандмани на постојниот Закон за заштитени сведоци, со кои бараме да му се даде надлежност на специјалното обивнителство да одлучува во врска со заштитените сведоци, бидејќи ова обвинителство не е опфатено со овој Закон – изјави за „Мета“ обвинителката Ристоска.