Канал 5 ТВ пред продажба заедно со Алсат-М?

0
2316

До крај на годината ќе има превземање на две телевизии со национална концесија. Едната е Канал 5 ТВ, како што дознаваме првичните преговори се завршени и ќе биде продадена на бизнис групација од Македонија за сума помеѓу 5-6 милиони евра заедно со обврските.

Додека за Канал 5 ТВ преговорите се водат во Солун ,за Алсат-М телевизијата преговорите се во завршница до 15.01.2016 ќе има нов сопственик,еден од најбогатите граѓани во Македонија од албанска националност познат по проекти во Афганистан и Ирак. Цената која се спомнува е помеѓу 9 и 10 милиони евра.Се преговарало долго време заради што сопственикот барал 14 милони евра ,а купецот бил расположен да плати 6,5 милиони евра.

Нов директор на Канал 5 ТВ ќе биде лик,глумец,познат од хумористичните емисии ,а на Алсат-М поранешен новинар вработен во овој медиум,а сега надвор од Македонија.