КЛИЕНТИЛИЗАМ на ниво: Власта го наградила таткото на Едмонд Темелко со државно земјиште

0
1169

Tаткото на градоначалникот во албанската општина Пустец, Едмонд Темелко, Вангел Темелко, во 2014 година добил под концесија државно земјиште од околу три декари во ресенскиот крај, тврди дополнителниот заменик министер за земјоделие од СДСМ Љупчо Николовски во интервју за Радио Слободна Европа кое во целост ќе биде објавено в недела.

Едмонд Темелко во првиот телефонски разговор ги демантирал овие информации, но подоцна рекол дека станува збор за грешка, односно дека татко му по грешка користел државно земјиште, но сега во тоа нема ништо спорно.

– Не знам како може опозицијата да не гледа подалеку од носот, владее едно вистина тотално лудило, измислува сè живо. Ако мислат дека јас сум тој што им сметам и дека заради мене ги губат изборите, секоја им чест и нека продолжат да фрлаат кал против мене – изјавил Едмонд Темелко.

Николовски објаснува дека до сега откриле еден договор во кој Вангел Темелко е носител на концесија, но додава дека се уште истражуваат за другите договори.