И режимското копиле Миле Јанакиески избега, не се појави да сведочи пред Анкетната комисија

0
964

И поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, не се појави да сведочи пред Анкетната комисија за прислушкувањето во Собранието.

Неговото сведочење беше закажано за денеска, но тој, следејќи го примерот на своите сопартијци Ставрески, Јанкулоска, Мијалков и Протоѓер не се појави на закажаниот термин.

Досега единствено пред Анкетната комисија се појави да сведочи премиерот Никола Груевски, но и тој не дојде на закажаниот термин минатата среда, туку самиот си одреди термин, односно вчерашниот ден.

Сепак, сведочењето на Груевски беше затворено за јавноста, и не е познато какви прашања и одговори имало во текот на сведочењето. Иако беше запрашан, Груевски не даде одговор зошто не сака да се соочи со јавноста на отворена седница.