И Хан му го рокна ножот на Грујо преку Твитер : Потребни се и медиумски реформи за кредибилни избори на 5 јуни

0
1172

Еврокомесарот Јоханес Хан, на Твитер го искоментира одложувањето на изборите за 5 јуни, но и изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој синоќа тврдеше дека добил гаранции од меѓународната заедница дека нема да има медиумски реформи.

 

 

 

„Го нотирам гласањето во Собранието на поранешната југословенска Република Македонија за одложување на изборите на 5-ти јуни. Договорот од Пржино е жив. Сите партии мора целосно да се ангажираат, да помогнат да се подготват кредибилни избори + да ги поттикнат реформските приоритети, вклучително и на медиумите. Им заблагодарувам на европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Ричард Ховит, на амбасадорите на ЕУ, Аиво Орав, и на САД, Џес бејли, и на меѓународната заедница за нивната континуирана поддршка“, напиша Хан на Твитер.