И Мијалков како КУКАВИЦА избега и не дојде да сведочи пред Анкетната комисија за прислушувањето

0
1173

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, денеска не дојде да сведочи пред Анкетната комисија за прислушувањето.

Неговото сведочење беше закажано и беше упатен јавен повик од страна на претседателот на комисијата, Петре Шилегов. Сепак тој уште пред да почне седницата рече дека не очекува Мијалков да го испочитува терминот и да се појави.

Претходно, пред комисијата не дојдоа ниту премиерот Никола Груевски чие сведочење беше закажано за во средата, ниту пак вчера се појавија министерот за финансии Зоран Ставрески, ниту пак шефот на премиерскиот кабинет Мартин Протоѓер.