Интервју со Спасовски: Тие што се огрешиле пред законот, нема мирно да спијат

0
1190

Ви пренесуваме дел од интервјуто на новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски за Плусинфо:

Дали очекувате да ви се поставуваат сопки во вашето секојдневно работење и како ќе се справите со тоа?
Во МВР постојат чесни луѓе, кои сега ќе имаат можност да си ја работат својата работа без притисоци, во корист на граѓаните на Република Македонија. Тие што се огрешиле пред законот, секако дека не можат мирно да спијат. Но убеден сум дека е тоа мал број луѓе во полицијата, кои биле извршители или учесници во незаконското работење на министерството. Да биде појасно, МВР повеќе нема да биде МВРО. МВР мора и ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните на Република Македонија.

Кои се клучните позиции во МВР каде што ќе поставите нови раководители?

Сите раководители во МВР ќе бидат високопрофесионални кадри. Секој што работи професионално, има можност да работи во интерес на граѓаните. Работата на овие луѓе ќе биде насочена кон борба против тероризмот, криминалот, корупцијата. Во МВР не се поставуваат и назначуваат раководители преку медиуми. Ќе имате можност да видите дека полицијата во Македонија и МВР имаат капацитет да работат професионално, според Уставот и законите, во интерес на заштита на слободата и правата на сите граѓани во државата.

Очекувате ли некои структури да се обидат да ја нарушат безбедносната состојба во земјава, а потоа да кажат дека вие сте виновни за тоа?

Искуството покажува дека во Република Македонија има злоупотреби на институции, на поединци, на групи, кои се активираат и се користат за лични и политички интереси. Оттаму можно е да има такви, кои ќе сакаат да го нарушат процесот на декриминализација на институциите на системот. Ве уверувам, МВР сложно ќе работи во служба на граѓаните на Македонија.

Интервјуто со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во целост прочитајте го ОВДЕ..