Изборите да се одложат, ама и нешто паметно да се сработи

0
883

Договорот од Пржино мора да се почитува, зaшто тоа е единствената алтернатива за Македонија, согласна е јавноста. Но,дилеми се отвораат околу тоа дали изборите закажани за април наредната година треба да се одложат за времето за кое се пролонгира спроведувањето на реформите, пишува „Плусинфо“.

Дел од аналитичарите не веруваат дека пролонгирањето за неколку месеци може да даде некаков резултат, бидејќи работите ќе продолжат во истиот манир како и сега. Други, пак, сметаат дека пролонгирање на изборите мора да има, затоа што времето што треба да помине од спроведување на реформите до изборите е круцијален дел од договорот. Во тој период треба реформите да дадат резултати, односно да се промени климата во општеството.

– Изборите мора да се одложат, без дискусија, за оној временски период за кој се одлага спроведувањето на парцијалните решенија од договорот од Пржино. Овој договор предвидел период во кој треба, откако ќе се завршат сите реформи, да останат четири до пет месеци, за новата влада, во рамките на новите решенија, од реформите да воспостави некаков нормален систем, кој ќе биде подготвен да се соочи со изборите. Ако тој период се сведен на месец или два, тогаш договорот е срушен – вели професорот Љубомир Фрчкоски.

Целиот текст ОВДЕ