Замир Мехмети: Уште во 2012 предупредив дека мора да се преземат итни мерки за Латас, да се запре ова медиумско лудило

0
1541

Фејсбук статус на Замир Мехмети:

Како поранешен член на тогашен совет за радиодифузија , денес позната како агенција за медиуми ми текна на една од нај жустрите дебати што некогаш се случиле во советот на тема говор на омраза (2012) каде конкретен предмет беше дневникот на Сител и се разбира однесувањето на Латас. Уште тогаш ги предупредував сите во советот дека мораме да превземе итни мерки за да го сопреме ова медиумско лудило, овој безкрупулозен дезинформатор и потикнувач, ова силување на новинарската професиа.

Дебата беше јака, но за жал поголемиот дел од моите бивши (дел од нив и сегашни членови) не ме поддржа (освен 3 -ца од членовите) и така тогаш Латас и Сител куртулија.

Вие поранешни и сегашни колеги што тогаш без никакви контра аргументи не ме подрржавте мене, дали после синокешниот медиумски хорор се срамите што тогаш тврдевте дека Лаки со неговото известување не шири говор на омраза ,напротив дека шири љубов.

Нема да навлегувам повеќе во детали за синокешната приватна емисија на Лаки, само ќе кажам дека он синока дефинитивно го удри печатот дека нов закон за медиуми во овој момент е поважен од се! Повелете погледнете другари, кој денес ни ги регулира медиумите.