Заедничко соопштение на партиските лидери: ДИК да одлучува без партиско влијание

0
965

Партиските лидери со заедничко соопштение го поздравија договорот што го постигнаа на денешната лидерска средба за именување на тројца членови во Државната изборна комисија. Во соопштението стои дека на ДИК и престои тешка работа. При тоа апелираат Комисијата да одлучува без партиски влијанија и итно да се преземат мерки за обезбедување на рамноправно предизборна атмосфера.

Соопштението го пренесуваме во целост:

„Ние лидерите на најголемите политички партии, го поздравуваме постигнатиот договор за целосениот состав на Државната изборна комисија. Препорачваме Парламентот да ги назначи Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов и Александар Чичаковски за независни експерти во Државната изборна комисија.

Го покануваме Парламентот да ги финализира неопходните постапки што е можно побрзо, со цел Комисијата да започне со својата работа и да ги преземе своите должности за подготовка на веродостојни избори и да придонесе за создавање рамноправни услови во предизборието.

Ги повикуваме сите државни институции целосно да ја поддржат Државната изборна комисија во оваа тешка задача.

Ја покануваме Државната изборна комисија да ги донесе неопходните одлуки за прашања како што се кадровското екипирање, вклучувајќи професионален и висококвалификуван генерален секретар, за методологиите за проверка на избирачкиот список и да утврди постапки за проверка и за одлучување по изборни поплаки врз основа на законските начела, без политичко влијание.

Ги повикуваме граѓаните да пријават било какви злоупотреби кои ги воочиле до Државната изборна комисија и другите официјални тела со релевантни овластувања како што е Народниот правобранител.“