Заев од Штип : Победникот на 5-ти јуни со сигурност ќе биде СДСМ

0
901

Лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев вечерва во Штип присуствуваше на дебата со младите од СДММ заедно со претседателот на СДММ и пратеник во собранието Стефан Богоев.

Зоран Заев пред младите во Штип говореше за актуелната политичка ситуација во државата и исто така зборуваше за изборните нерегуларности кои власта на Груевски ги прави и како таа со спрема фалсификатот на идните избори доколку не се прочистат избирачките списоци и доколку медиумите не се ослободат од прангите на власта.

zaev.shtip2

Тој пред младите кој беа присутни во значителен број на трибината во Штип истакна дека на наредните парламентарни избори кои според американскиот амбасадор Џес Бејли доколку се одржат на 5-ти јуни тогаш СДСМ не само што ќе учествува со целиот свој капацитет и енергија туку и дека со сигурност ќе биде победник и ќе стави крај на владеењето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.