Заев може да се справи со секоја бараба

0
1291

Зоран Заев вечерва покажа дека е храбар човек, дека не се плаши од никого, дека може јавно да се соочи со секоја бараба која е вработена како новинар, и дека има здрави нерви што ќе му бидат потребни за оваа битка да се издржи до крај.
Камо среќа да ги имаме ние тие нерви што тој ги покажа вечерва. Половина од нас мислам дека ќе си заминеа од студиото веќе по првите навреди, простачки зборови, по измамата со уфрлувањето на однапред подготвени слајдови за манипулација, и по понижувачкото однесување кон гостинот или ќе му истуреа чаша вода во лицето на оѕверениот водител.
За да одиш на интервју кај уличар кој ја има улогата на водител, кој е полн со злоба и омраза кон опозицијата и кој од власта од неговите газди е платен да лаже, да манипулира, навредува, цинично да се смее на твоите одговори, да се закнува и да не ти дозволи да му одговориш, е потребна вистина голема храброст но и нерви за сето тоа да го издржиш до крај.
Се чинеше дека целта на овој бандит во новинарството и беше, со гнасни навреди и провокации да го натера лидерот на опозицијата да го напушти студиото, за потоа да објаснува дека „Заев не е спсобен да се соочи со вистината„ Но Заев издржа. Свесен со кого си има работа, и што може да очекува, тој остана во студиото до крај и и покажа на јавноста, на кое дно е оваа телевизија со национална концесија во Македонија и колку многу во неа е помината линијата на се што во светот е видено како платеничка и гнасна улога на наовинарството.
Заев знаеше дека Сител и платените пропагандисти како глодарот со кој разговараше, се дел од специјалната војна која овој режим со години ја води против опозицијата во земјата. Во таа војна, власта, полицијата, обвинителствата, судовите јавната администрација и подземјето им стојат на располагање на таквите квази новинари за измислување, манипулирање и оцрнување на личностите од опозицијата. За нив не постои ниту суд ниту етички кодекс. Ним се им е дозволено и тие медиумите ги користат само како оружје за убиство на вистината, за ширење омраза, за продлабочување на поделбите. Тие новинарската професија ја претворааат во добро платен криминал кој е во функција на заштита на криминалот што го прават нивните газди преку фирмите со кои ги имаат основано телевизиите, но и криминалот на власта. И затоа во ваков случај не помагаат ниту етички кодекси ниту закони препишани од било која западноевропска земја.
Со ниту една казна, освен со промена на власта не може да се спречи нивниот криминал, затоа што тој им носи преголеми добивки и заштита од судството .
Заев го превзема храбро ризикот да биде и јавно навредуван, да биде пред негови очи оцрнувано неговото семјство, да биде провоциран на тепачка и да биде онезвоможуван да го каже тоа за што бил повикан или за што служат нормалните телевизии, но, ова беше прилика и да им упати порака на странците во врска со регулацијата на медиумите, и зошто опозицијата тврди дека во ваков медиумски амбиент не се возможни слободни и фер избори, не е возможна промена на власта на избори и не возможна борба против корупцијата и криминалот во земјава. И затоа ги заслужува сите честитки. Неговиот настап е само уште еден придонес во борбата за да се дознае „Вистината за Македонија„. На оние што се одушевени од однесувањето на Латас само би им порачал: Будалите се фалат со она од што паметните се срамат. Гледајаќи го Латас вечерва Македонија имаше од што да се срами. А веројатно и „чесниот„ Љубисав Иванов Ѕинго и неговите деца.

Од фејсбук зидот на проф. Ѓорѓи Спасов