Заев: Сите материјали ќе и ги доставам на специјалната обвинителка

0
1255

Сите материјали што ги имам, ќе ги доставам до Специјалното јавно обвинителство. Никој нема право да ја сокрие вистината од граѓаните на Република Македонија, вели Зоран Заев во интервју на Скај, околу прашањето дали ќе бидат доставени доказите и материјалите врзани за Смиљковско Езеро, А1 телевизија, „Шпион“ и други.

– Специјалното обвинителство ја има таа историска одговорност да ја утврди вистина, да ја изнесе на виделина по институционален пат, а оние кои се огрешиле пред граѓаните и пред законот да ги соочи со сопствената вина и со правдата – истакнува Заев во интервјуто за порталот, кое ќе биде објавено во понеделник на пладне.