Заев: Очекуваме сите да дадат максимум и во најкусо време договор да има

0
1203

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Унгарија во Македонија, Јосеф Бенце.

На состанокот се раговараше за актуелната политичка ситуација во Македонија, шансите за реализација на преземените обврски со Договорот од 2 јуни / 15 јули, ризиците од скршнувањето од европскиот пат, односите помеѓу двете земји.

– СДСМ е конструктивно поставена, очекуваме секоја од страните да се потруди најмногу што може и договореното во најкусо време да се спроведе, рече претседателот Заев.

Амбасадорот Бенце изрази очекување за брзи и ефективни реформи и во критичните области што ги посочи и експертската група на Прибе. Тоа се професионална администрација, независно судство, слободни медиуми, реализација на Охридскиот договор.

Заеднички е констатирано дека е опасно Македонија да ја изгуби препораката за ЕУ, посебно што станува збор за мала држава, со кревка и нестабилна економија, мултиетничка држава којашто сега е соочена и со светската бегалска криза.

Претседателот Заев и унгарскиот амбасадор Бенце разговараа и за продлабочување на односите помеѓу Македоија и Унгарија на економски план и во областите од интерес за секојдневниот живот на граѓаните на двете земји.