Заев: Од април ќе бидам премиер, а не градоначалник

0
1233

zaev 99

Изборот на министрите и на заменик министрите од редовите на СДСМ е само еден чекор кон незапирливот пат кој ќе ги донесе демократските промени во Репубика Македонија, рече Заев на прес-конференцијата пред главниот влез на Собранието, откако беше избрана техничката влада.

– Функцијата на овие луѓе е да бидат контролори и да ја гарантираат слободната волја на граѓаните. Во Македонија мора, треба и ќе има слобода и демократија – рече лидерот на СДСМ.

Тој потенцираше дека сега учеството на СДСМ во Владата има контролна улога, а дека на 24 април СДСМ ќе ги врати уставните и економски вредности, што сите граѓани ги бараат и ги заслужуваат.

На новинарско прашање, дали ќе остане градоначалник по предвремените избори наредната година, тој рече дека нема да биде градоначалник затоа што ќе ја добие честа да ја води новата Влада на Република Македонија.