Загина „министерот за финансии“ на ИД при воздушен напад на коалиција

0
823

При воздушен напад на меѓународната коалиција предводена од САД на територијата на Ирак загина „министерот за финансии“ на терористичката група Исламска држава и уште двајца нејзини лидери, изјави портпаролот на Пентагон, полковник Стив Ворен.

Тој посочи дека во нападите извршени во последните неколку недели убиен е Абу Салах, одговорен за финансиските операции на ИД. Во нападите загинало и лицето одговорно за рекетирање и собирање на даноци од локалното населени.

Третиот убиен во нападите бил одговорен за координација на трансферот на информации, луѓе и оружје.