Општина Центар го заврши асфалтирањето на вториот дел од улицата „Ленинова“ (Аминта Трети) , на потегот од „Илинденска” до „Орце Николов”.
На 7м широкиот и 70м долгиот коловоз, кој имаше површинско оштетување и кое го отежнуваше нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот е поставен нов асфалт.
Доколку дозволат временските услови, општина Центар ќе започне и со реконструкција на „Ленинова“, на делот од „Орце Николов“до булеварот „Партизански одреди“.
Претходно беше реконструиран дел од од Градски парк до булеварот „Илинден“.
Во 2016 година е предвидена и обнова на „Ленинова“ на потегот на делот од „Партизанска“ до Клуб на пратеници. Ова е една од најубавите и најпознати улици во Скопје, и жителите бараа нејзина реконструкција.