Жарко Стеваноски: Градоначалникот Марјан Ристески под опсервација на СЈО

0
2082

Прилепскиот адвокат, кој во јавноста стана познат по кривичните пријави кои во континуитет ги поднесува против градоначалникот на Прилеп, а има и кривична пријава произлезена од таканаречените “Бомби” на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за порталот РеволуционерМК открива дека и градоначалникот Марјан Ристески е под истрага на Специјалното јавно обвинителство.

zarko-stevanoski

Жарко Стеваноски – адвокат

…Ако го имаме во предвид овој општо познат факт и ако на тоа ја надоврземе локалната структуираност и функционалност на партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Локалната самоуправа, нивната поврзаност со голем дел од функционерите на централно ниво и сознанието дека со поднесената кривична пријава СЈО доправа ќе го проширува делокругот на обвинети лица, поврзана со изборите и гласањето, сигурен сум дека во понатамошната фаза од постапката неизбежно ќе бидат инволвирани највисоките структури од локалното раководство на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, локални функционери и правни и физички лица….

Стеваноски во интервјуто за овој портал вели и дека со прибавените материјали кои ги поседува, како и веќе објавените прислушувани телефонски разговори помеѓу функционери и службени лица од Локалната самоуправа во Прилеп од различни нивоа и др. физички лица и правни лица од приватниот и јавниот сектор, во корелација со писмените докази кои до сега ги имам прибавено повеќе од сигурно е дека Општина Прилеп ќе се вброи во редот на Општините во РМ, кои сериозно ќе бидат под осервација на ова Јавно обвинителство.

Целото интервју можете да го прочитате на следниов линк ОВДЕ