Епа народе, еве еден пенал да му акнете на режимот: 400.000 вработени може да го тужат ПИОМ за кражба!

0
1538

Заклучно со 15 декември, ПИОМ на членовите на приватните пензиски фондови им должи 13 милиони евра, пари кои осигурениците ги уплаќаат за пензиски придонес, со што не само што се крши законот туку се скратува и периодот на оплодување на подоцна пристигнатите, пишува „Вест“.

Членовите на приватните пензиски фондови можат да го тужат ПИОМ зашто не им ги префрла парите од придонесите на нивните лични сметки во приватните фондови. Втора година по ред, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ќе ја затвори годината со долг кон приватните пензиски фондови. Заклучно со 15 декември, тој на над 400.000 вработени, членови на приватните пензиски фондови им должи 13 милиони евра. Тоа се пари кои осигурениците ги уплаќаат за пензиски придонес, но ПИОМ не ги префрла на сметките на осигурениците во “НЛБ нов пензиски фонд” и “КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд”.

И двете друштва, во неколку наврати барале од Фондот на ПИОМ, МАПАС и од министерствата за финансии и за труд и социјална политика да ги заштитат граѓаните, зашто парите не се на државата туку на осигурениците, но државните институции молчат.

Целата сторија ОВДЕ