Еве уште една причина зошто овој РЕЖИМ е терет за граѓаните: 1600 „рамковни“ административци седат дома и земаат плата

0
1036

-Илјада и шестотини лица примаат плата од државата, а седат дома! Оваа бројка на државни службеници кои немаат работен ангажман, но се обезбедени со редовни месечни приходи, за првпат е објавена денеска, а ја откри државниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација Јахи Јахиу, пишува Телма.

Тој нагласи дека сепак, и покрај слабостите во практичната реализација, правичната застапеност на етничките заедници е позитивна за општеството и дека преку неа државата ги подобри услугите кон граѓаните. Од Институтот за европска политика велат дека е апсурден случајот со лицата кои примаат плата, а не одат на работа и не работат ништо.

-Тој проблем е познат и нема што да препорачаме освен тие да се вработат. Но, нема потреба од посебни политики, тоа е апсурдна состојба, изјави Малинка Ристевска Јорданова, директор на Инситутот.

Анализата што е изготвена за Инситутот, покажува дека правичната застапеност е препознатлива и прифатена во општеството, но дека иритира тоа што се злоупотребува и овој етнички клуч заради партиски вработувања.

 

Текстот во целост прочитајте го ОВДЕ