Еве ги прашањата што му ги спремил Протугер на Латас за интервјуто со Заев

0
1522

Фејсбук групата Странски служби го пресретнала мејлот со прашањата што утрово Мартин Протугер му ги пратил на Драган Павловиќ Латас за најавеното интервју со Зоран Заев вечерва. Еве го мејлот:

Латас,

Како прво, немој да тераш српска агенда. Отвори љубезно и потсети го кога последен пат бил во вестите на Сител. Кажи им на гледачите дека цело време праќаме покани, ама не доаѓаат. Држи се до прашања од „Пуч“ и „Глобал“, таму си најбезбеден. Бегај од содржината на бомбите. Ако спомне имиња на Мијалков, Груевски и слично, речи му дека не сте тука да дискутирате дневна политика и не му дозволувај да ги куди или обвинува зашто не се тука да се бранат. Не му дозволувај да заврши ниту една реченица. Изнервирај го на почеток. Ако едната веѓа му стои повисоко од другата, тоа значи дека си на прав пат. Еве ги прашањата:

1. СДСМ со години нема програма, а ВМРО има. Како мислите да победите на избори без програма?

2. Се чувствувате ли одговорен што вашата партија го продаде името и ја спроведе транзицијата?

3. Во многу наврати сте се пожалиле дека добивате нефер третман од ТВ Сител. Дали ако вие бевте уредник ќе издвоевте повеќе време во вестите за еден црпнат сељак од Муртино?

4. На Груевски во неговиот кабинет му рековте дека материјалите ви се од Странски служби, а на јавноста и тврдите дека сте ги добиле од ДБК. Не мислите дека е нечесно да се лаже премиерот?

5. Пред неколку години седнавте на фотелјата на претходниот претседател на СДСМ и ја доведовте партијата до непрепознатливост. Ви фали ли Бранко Црвенковски колку што ни фали нам?

6. Вие во 2008-ма поминавте неколку дена во притвор во Шутка. Какво е чувството да се биде затворен зад решетки? Дали мораме сами да си носиме храна и облека?

7. Како е Виц’то? Дали кај него Грците треба да ги остават парите за продажбата на името, односно Албанците за западна Македонија?

8. Ја обвинивте Ивона Талевска дека добила 1 милион евра од Министерство за здравство. Тоа пари ли се?

9. Вашите спонзори, Американците, со години лажат за своите вселенски подвизи, а неодамна тоа го призна и режисерот Лукас. Еве вие кажете ми како е можно да се вее американското знаме на Месечината, ако таму нема воздух!?

10. Дали по евентуална победа на СДСМ на претстојните избори, може да се надеваме на некое советничко место или соработка на планот на медиумските прашања?

Сработи го ова ко што треба и ќе папаш уште едно тендерче.