ЕУ и САД му испорачаа на Емил Димитриев 10 услови од кои ќе зависи дали ќе дадат зелено светло за изборите на 24 април

0
960

Амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав, му ги предадоа вчера на премиерот Емил Димитриев критериумите според кои Вашингтон и Брисел ќе ги користат кога ќе кажат дали има услови да се одржат кредибилни избори или не. На листата нема ни едно „треба“ туку десет „мора“, со најава дека сето ова мора да се исполни пред 20 февруари, кога ќе ја кажат својата оценка, пренесува Утрински,

Начинот на кој се наброени критериумите и како се кажани им дадоа тежина на десет „мора“ на меѓународната заедница, на првата формална средба со техничкиот премиер Димитриев. Нив тој ги прими како формално писмо. Во него поконкретно САД и ЕУ бараат до 19 февруари ДИК целосно да биде обезбедена со персонал и финансии; да мора да бидат завршени првичните ввкрстени проверки на сите релевантни бази на податоци за да се добие слика колку опсежен ќе биде процесот на прочистување на списоците, вклучувајќи ја и теренската проверка. ДИК, исто така, според ЕУ и САД, мора да има доволно време и ресурси да ги истражува и да одлучува за неправилностите што ќе се откријат од проверката, а мора да постои и јасна законска рамка за навремено отстранување на имињата што не припаѓаат на избирачкиот список, а наедно да има механизми како да се обележат тие за кои ќе биде потребна дополнителна проверка. Мора да постои опсежен и фер механизам за разгледување на жалбите од прочистувањето на списокот, а тоа да го надгледува ОБСЕ.

Повеќе ОВДЕ